Павлотен Happy kids производите ги содржат следните делотворни супстанци, витамини, природни екстракти и масла.

Alantoin - Ја зголемува содржината на вода во клетките од каде потекнуваат навлажнувачките ефекти врз кожата.
Делува антииритирачки преку формирање комплекси со иритирачките агенси.

Pantenol - Делува навлажнувачки, против воспалител- но и исцелително врз кожата. Го подобрува и забрзува нејзиното заздравување.

Витамин E - Ги заштитува клеточните мембрани од оксидација, ултравиолетови зраци и разни загадувања. Незаменлив е во превенција и третман на изгореници и други кожни иритации.

Природни екстракти од камилица и невен - Камилицата има против воспалително и смирувачко дејство врз кожата, а невенот дополнително делува исцелително врз неа.
Овие два екстракти се мелем за детската кожа.

Масла - Минералното масло е одличен ему- лиент кој ја прави кожата мека и нежна, а природното бадемово масло дополнител- но ја храни и смирува.